Со одигрувањето на натпреварите од 3-тото коло во групата „А“ завршија натпреварите по групи на годинешните „Илинденски Спортски Игри 2019“ по што се познати полуфиналните двојки. Првиот натпревар што беше на програмата денес „Крупиште“ – „Карбинци“ а кој не решаваше речиси ништо не се одигра, бидејќи и двете екипи не допатуваа во Чешиново, со што покажаа непочитување кон турнирот.

Во натпревар пак кој решаваше за првото место „Облешево“ го совлада „Чифлик“ со 3:1 и со максимален број на освоени бодови и со еден единствен примен гол застана на врвот на табелата во групата „А“.

Полуфиналните натпревари се играат за време на викендот:

18:00 часот (Сабота)  „Облешево“ – „Спанчево“

18:00 часот (Недела)  „Чифлик“ – „Соколарци“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари