Благодарение на присебноста и брзата интервенција на вработените од АПРЗ (Агенција за Поттикнување на Развојот на Земјоделието) беше изгаснат пожар и спречено е истиот да се прошири.

Како што ни јавуваат граѓаните, денес околу 11:00 часот пред канцелариите на АПРЗ во непосредна близина на Бензинската помпа на „Макпетрол“ кај Основниот Суд во Кочани се запалило патничко моторно возило со кочански регистарски таблички.

Вработените од АПРЗ веднаш излегле од своите канцеларии и со апарат за гаснење пожари успеале да го изгаснат запаленото возило со што спречиле и поголема катастрофа бидејќи пред и зад истото имало и други паркирани возила.

Потегот на вработените од АПРЗ е за почитување.

С. Ивановски

62

61

63

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари