Разлистувајќи ги старите фотографии ме потсетија на едно убаво време кога Кочани беше расадник на спортски збиднувања, кога кочанчани по цел ден поминуваа на спортските терени, кога се радуваа на победите, но и тагуваа на поразите.

Сакал некој да признае или не повеќето спортисти кои потоа успешно ги бранеа боите на клубовите едноставно излегуваа од тогашните патронати. Таму на тие натпревари се гледаше кој знае да игра или не.

Токму од „изворот“ наречен патронати многумина млади момчиња и девојчиња станаа добри фудбалери, кошаркари, ракометари и ракометарки.

Сакајќи да се потсетиме на тие убави времиња најдобро ќе направиме низ неколкуте фотографии.

Ако некој се препознае, значи сме успеале во намерата, во спротивно бадијала сме ги поставиле.

Сепак да погледнеме

С. Ивановски

f53

f58

f61

f55

f56

f57

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари