Финалистите на годинешното 47-мо издание на фудбалскиот турнир во склоп на „Илинденските Спортски Игри 2019“ ги одредија ударите од белата точка, откако и двата полуфинални натпревара завршија без победник.

Ако во саботата на натпреварот „Облешево“ – „Спанчево“ немаше возбудувања и мрежите мируваа, денес се чини дека се одигра најдобриот годинешен натпревар, полн со шанси и убави погодоци, па во регуларниот дел Чифлик“  и  „Соколарци“ одиграа  3:3 (2:3).

И во двата натпревари решаваа пеналите. Облешево славеше со 4:3, а Чифлик 4:2.

Така се покажа дека екипите од групата „А“ кои важеа за фаворити пред почетокот на турнирот, на големиот Македонски празник „Илинден“ ќе истрчаат да го одиграат 47-мотот финале.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари