По повод празникот 2-ри Август – „Илинден“ кој оваа година е поврзан со викенд денови, а воедно се совпаѓа со период на користење на годишни одмори, како и со зголемено присуство на наши граѓани кои работат и престојуваат во странство, се очекува поголема раздвиженост на луѓе и возила на подрачјето. Од тие причини СВР Штип, Полициска станица за општа надлежност Кочани апелира до сите учесници во патниот сообраќај да се однесуваат согласно со законските правила и прописи, да не управуваат возила под дејство на алкохол, да ја прилагодат брзина на движење спрема условите и состојбата на патот, да не вршат непрописно престигнување како и да го избегнуваат патувањето во топлиот временски период од денот.

Имајќи ги во предвид високите температури и опасноста од појава на пожари, се предупредуваат граѓаните да посветат поголемо внимание и да не фрлаат отпушоци од цигари, а воедно и да не палат оган на отворено.

Пред да се оддалечат од своите домови, граѓаните да ги преземат сите неопходни мерки за заштита од кривични дела од областа на имотните деликти,. Да ги заклучат влезните врати, вратите од терасите, балконите, гаражите и подрумите, да ги затворат сите прозорци, сите вредни работи да ги внесат и заклучат во соодветна просторија на побезбедно место.

При повеќедневно заминување од домовите на целото семејство, да се избегнува потенцирањето на отсуство преку електронските мрежи и портали за комуникација.

Исто така апелираме, при напуштањето на своите возила граѓаните да преземат мерки на безбедност, односно да ги заклучат вратите на истите и да не оставаат премети кои предизвикуваат внимание како ташни, куфери, паричници, мобилни телефони, лап топ компјутери и слично. Истото да се применува и при напуштањето на домовите и институционалните објекти, по завршувањето на работното време. Сите сомнителни безбедносни појави да се пријавуваат на бесплатниот телефонски број 192.

Командир на ПС Кочани

Горанчо Јакимовски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари