Можат граѓаните и сто фотографии да ни испратат и стопати да побараат да престане конечно недомаќинското однесување на поединци, кога тие ги запомниле само домашните навики, си тераат по свое.

Како што не информира нашиот сограѓанин кој сака градот да му е убав и чист овие фотографии ги направил во вторникот во вечерните часови кај контејнерот пред „Уни Банка“.

Поединци продолжуваат со навиките, се однесуваат како што тие сакаат а вината је префрлаат на погрешна страна. Ниту се виновни комуналците ниту друг е виновен, виновникот е оној кој без чиста совест постојано го загадува градот.

Што друго да се каже, залудно е.

С. Ивановски

92

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари