Во пресрет на големиот македонски празник  „Илинден“, делегации од Општина Кочани, Сојузот на борците од НОВ и од политички партии положија свежо цвеќе на „Споменикот на Слободата“ и на Спомен-обележјето на Никола Карев во месноста „Свиланово“.

„Славејќи ги двата Илиндена, од 1903 и од 1944 година ги спојуваме стремежите на старите и новите илинденци кои нè водеа по патот за создавање на нашата современа држава. Илинден е мотив за сите генерации нашата држава да ја градат како заеднички дом на сите граѓани без разлика на верската, националната и етничката припадност. На сите граѓани им го честитам Денот на Републиката и им посакувам просперитетна иднина“ порача градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Во месноста Свиланово, на спомен-обележјето на претседателот на Крушевската република Никола Карев, присуствуваше и делегација од Општина Чешиново-Облешево, со градоначалникот Горанчо Крстов.

PIC_2051

PIC_2070

PIC_2094

PIC_2100

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари