Вечерва во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани, во присуство на љубители на поезијата беше промовирана книгата песни „Спомени за домот“ од нашата сограѓанка Розета Петрова.

Ова е прва самостојна книга на Петрова а истата содржи дваесет песни кои како што истакна авторката даваат слика за спомените која таа ги има доживеано во својот дом.

Петрова истакна дека се решила токму вечерва да ја промовира книгата од две причини, првата е што денес нејзиниот дедо а воедно и кум Киро Герасимов го прославува својот 68-ми роденден, а втората причина е утрешниот ден, чествувањето на еден од најголемите Македонски празници „Илинден“.

Промотор на книгата е м-р Љупка Стојменова, а песни од книгата „Спомени за домот“ читаше Наде Ефремова, член на ЛК „Копнеж“ од Кочани.

С. Ивановски

DSCN9420

DSCN9427

DSCN9414

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари