Во прекрасен амбиент во игра на два сосема добри противника „Чифлик“ сосема заслужено го совлада „Облешево“ со 4:1 (3:0) во 47-то издание на „Илинденските спортски игри 2019“.

Играчите на „Чифлик“ одлично го започнаа натпреварот, ја имаа играта постојано во свој посед и постојано атакуваа кон голот на противникот. Плод на нивната мошне добра игра се и постигнатите три погодока во првиот дел по кој многумина помислија дека „Облешево“ ќе доживее катастрофа.

Во второто полувреме сосема друга игра на двата противника „Облешево“ беше екипата која господареше на теренот и атакуваше кон голот на „Чифлик“. Резултат на нивната мошне добра игра е погодокот кој го постигнаа по неколку минути игра во вториот дел. Овој погодок како да им даде крилја да ја забрзаат играта и да одат кон нов погодок. Неколку минути по постигнатиот погодок по еден контакт во шеснаесетникот на „Чифлик“ облешевци бараа удар од белата точка но судиите покажаа натпреварот да продолжи.

На пет минути до крајот сепак пенал за „Облешево“ кој не успеаја да го реализираат по што беа казнети во последната минута кога го примија и четвртиот погодок.

По завршување на натпреварот Благодарници им беа доделени на организациониот одбор на турнирот, на Полициска станица – Кочани и на Судискиот актив при ОФС Кочани.

За најдобар играч беше прогласен Филип Горгиев од екипата на Чифлик на кого градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев му врачи пехар, а пехари беа доделени и за финалистите на турнирот.

С. Ивановски

DSCN9468

DSCN9469

DSCN9592DSCN9593DSCN9597

DSCN9598

DSCN9602

DSCN9604

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари