Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка, а со цел да се зголемат капацитетите за сместување на деца од претшколска возраст, Општина Кочани аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.

Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предучилишна инфраструктура Министерството за труд и социјална политика и Општината Кочани, организираат јавна расправа со цел граѓаните и засегнатите страни да се информираат за активностите за изградба на нова градинка и за документот „Првична ограничена оцена на влијанието врз животна средина и социјалните аспекти за изградба на нова градинка“ во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот, документ кој е ставен на јавен увид на веб-страниците на: Министерството за труд и социјалнаполитика  (http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx) и на Општина Кочани (http://kocani.gov.mk//).

Јавната расправа организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Кочани ќе одржи на 8 август 2019 година со почеток во 11 часот во салата на Советот на Општина Кочани.

Коментарите во однос на реализацијата на проектот и документот граѓаните може да ги доставуваат во рок од 14 дена по одржување на јавната расправа преку електронска пошта, на адреса ntstojanovska@mtsp.gov.mk.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари