Третолигашот од Виница „Слога 1934“ ја претстави новата опрема со која ќе ги игра натпреварите во следното првенство.

Набавени се 30 комплети во кои има: дресови, гаќички, штуцни, тренерки, шушкавци, набаени се и ракавици за голманите како и 10 фудбалски топки и сите од фирмата „Јако“.

Во знак на благодарност кон Локалната самоуправа на Виница која годинава одобри доволен број на средства за третолигашките настапи денес на Градоначалникот на Виница Ивица Димитров му беше подарен дрес на „Слога 1934“ со бројот 19.

Играчите се овде, Стручниот штаб исто така, опремата е купена уште играчите да го дадат својот максимум во првенството, а тоа е освојување на првото место и влез во Втората Фудбалска Лига.

С. Ивановски

636564

62

P4000115

P4000118

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари