Утринава добивме допис поткрепен со две фотографии од наш читател инаку жител на улицата „Енгелсова“ во Кочани. Тој како што истакнува, од името на сите жители од улицата бара помош од надлежните служби во општината.

Неговиот краток текст го пренесуваме во целост:

„На улицата „Енгелсова“ камионите од фирмата „Теком“ стара „Дневна нега Атом“ ни ја уништуваат улицата, си ги кршиме колите а никој ништо не презема за санација, ниту фирмата ниту општината.

Патем тротоар немаме, на местото за тротоар има урасната 1 метар трева. Децата за на школо се движат по коловозот а сантиметри до нив минат тешки камиони, прашина и опасност. Има ли некој нешто да преземе?“

Го користиме правото на дискреција на нашиот читател.

С. Ивановски

6263

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари