„Енгелсова“ е улица што се наоѓа во дел од градот, кој според урбанистичкото планирање има намена и за лесна индустрија, што значи дека фирмите што работат таму законски ја остваруваат својата дејност.

Оштетувањата на улиците, меѓу другото, се должат и на векот на употреба.

Би сакале да потсетиме дека граѓаните треба да поднесат пријава за оштетувањата на улиците преку претставниците на нивните урбани/месни заедници или преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Уредувањето на тротоарот на „Енгелсова“ ќе биде земено предвид во буџетирањето за наредната календарска година, а во меѓувреме комуналните служби на „Водовод“ соодветно ќе интервенираат на посочените површини.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари