Продолжуваат подготвителните натпревари на екипите пред почетокот на новите фудбалски сезони.

Во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ „Осогово“ и беше домаќин на „Победа од Прилеп. Кочанчани со фуриозна игра го декласираа минатогодишниот прволигаш совладувајќи го со 6:0 (4:0).

„Жетварите“ денес одиграа еден добар натпревар пол со трчање прецизни додавања и ефикасна игра, додека „прилепчани“ ги разочараа љубителите на фудбалот, не создадоа ниту една посериозна прилика за гол а во текот на целиот натпревар само неколкупати успеаја да врзат две додавања.

Иако подготвителните натпревари не се вистинското мерило и за играчите и за стручните штабови сепак факт е дека „Осогово“ полека но сигурно ги средува редовите и дека со ваква игра ќе биде тежок за секој противник.

Во Виница амбициозната „Слога 1934“ беше домаќин на второлигашот „Гит Го“ од Пехчево. Во тврд но доста интересен натпревар второлигашот беше поуспешен за само еден единствен погодок кој го постигнаа во второто полувреме.

Тренерите на двете екипи мора да бидат задоволни од прикажаната игра и ангажирањето на играчите бидејќи по топло и спарно време сепак одиграа на задоволство на гледачите.

С. Ивановски

DSCN9666

DSCN9621

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари