Новата детска градинка во Кочани ќе биде современ, компактен објект, проектиран според најнови стандарди. Идејниот проект е изработен од светски признатиот архитект, Словенецот Јуре Котник, со замисла тоа да биде зграда насочена кон децата и нивната поголема физичка активност.

На јавната презентација на проектот за изградба на нова детска градинка во населбата Драчевик, претставници на Министерството за труд и социјална политика изнесоа детали за изгледот, карактеристиките на објектот и за неговото влијание врз животната средина.

„Градинката е проектирана на две нивоа, со вкупно шест занимални, дистрибутивна кујна, две заеднички, таканаречени дневни соби поврзани со тобоган. Тоа ќе биде отворен тип на градинка со можност за поширока комуникација меѓу децата и за поттикнување на нивната креативност. Во игралиштето ќе има рингишпил, јажиња и ѕидови за качување, тактилна патека“ објасни Маја Даскаловска, архитектка во Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика.

PIC_2281

Објектот ќе има најсовремена фотокаталитичка фасада која ќе дава ефект на 40 дрвца и ќе го прочистува воздухот во околината на градинката од смог и загадување.

Проектирањето на екофасадата дополнително, со свои средства го финансираше Општина Кочани. Фасадата, исто така, ќе преземе и дел од функцијата на игралиштето.

Изградбата на новата детска градинка во населбата Драчевик во Кочани е во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка, со цел да се зголемат капацитетите за сместување на деца од претшколска возраст.

Кочани е една од првите општини во државата, каде есенва се очекува да започне изградбата на овој модерен објект.

Општина  Кочани

PIC_2278

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари