Бидејќи социјалните мрежи се полни со фотографии и слики дека гори повторно главната депонија контактиравме со дежурните служби во Територијалната Противпожарна Единица – Кочани со молба ако може да се интервенира бидејќи воздухот се загадува а и во овие пеколни горештени може да се предизвика пожар.

Информацијата што ја добивме е дека не гори овој пат депонијата, туку беснее силен пожар кој избувнал на ридот помеѓу депонијата и туристичката атракција „Дабот“ и сега истиот се проширил и од другата страна на патот и веќе оди кон селото Лешки.

Сите возила и целокупниот расположив потенцијал на ТППЕ – Кочани е на терен заедно со вработени од „Македонски шуми“, полицијата како и граѓани кои помагаат во гаснењето на пожарот.

Според наши информации пожарот е предизвикан од човечки фактор.

Вакви пиромани се појавија уште пред неколку дена кога имаше информација дека гори дел од шумата над селото Бели. Едно од лицата тогаш беше лоцирано и се трагаше по него, но до денес нема информација дали истото е фатено.

Со оглед на големината на пожарот дали од Кризниот штаб ќе се побара интервенција од државата, односно гаснење со авиони е прашањето кое само по себе се наметнува.

С. Ивановски

6265

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари