Големиот пожар што денес попладне некаде околу 15:00 часот избувна над селото Бели досега направи голема штета.

Ангажирана е комплетната ТППЕ – Кочани со сите нивни расположливи возила, а на теренот во гаснењето на пожарот се вклучени и вработени од КЈП „Водовод“ со нивните возила, како и вработени од „Македонски шуми“, полицијата и дел од населението.

Дознаваме дека пожарот зафатил и неколку објекти викенд-куќички, уништени се голем број на пчелни семејства а изгорен е и огромен дел од шумата која се протега на овој простор.

Во моментот добивме информација дека дел од пожарот е ставен под контрола, а од самото место на теренот дознаваме дека сепак истиот почнал да се спушта кон селото Црвена Нива што може во опасност да ги доведе и останатите села во тој реон.

За утре е најавено доаѓање на два авиони за гаснење на пожари. Поради недостапноста на теренот очите на сите ќе бидат вперени во канадерите од кои се очекува истиот да го изгаснат.

Се надеваме дека нивната помош ќе стигне на време исто како што навреме стигнаа и сите денешни херои кои учествуваа во гаснењето на пожарот.

С. Ивановски

52

55

56

54

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари