Според информациите што ги добивме од Територијалната Противпожарна Единица од Кочани, денес во 15:30 часот пожарот кој вчера избувна и направи голема штета е целосно изгаснат.

Инаку вчера (четврток) во 14:21 часот во ТППЕ – Кочани стигната е дојава за појава на пожар, на истата локација каде бил подметнуван и претходните четири денови,

Веднаш на самото место се упатиле 4 пожарникари со 2 возила за да го изгаснат како и претходните денови, но како пожарот поради сувата но бујна вегетација почнал да се шири се повеќе, на теренот излегле уште 5 пожарникари со 2 возила за да подоцна им се приклучат и останатите пожарникари со целосната опрема што ја имаат на располагање.

Освен вработени од ТППЕ – Кочани во гаснењето на пожарот им се придружиле и вработени од КЈП „Водовод“ – Кочани, од „Македонски шуми“ – подружница Кочани, Пожарникарите од Виница, Штип и Македонска Каменица, од „Македонски шуми“ од Кавадарци и Гевгелија како и голем дел од месното население а најмногу од селото Бели.

С. Ивановски

42

43

44

45

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари