Фотографијата како прилог на текстот е направена утринава во 08:00 часот на која јасно се гледа дека оџакот во некогашната „Целулоза и хартија“ повторно чади.

И покрај трите ургенции доставени до Министерството за животна средина и до надлежниот инспекторат од страна на Локалната самоуправа – Кочани за да се стави крај со контроверзниот оџак во некогашната „Целулоза и хартија“ и да се престане со уништувањето на животната средина и со загадувањето на воздухот, оџакот и понатака продолжува да си чади.

Како што дознаваме, во текот на вчерашниот ден (Петок) некаде околу 14 часот Државниот инспектор за животна средина по трите добиени ургенции, ги известил надлежните во Локалната самоуправа дека на сопственикот на фабриката му е издадено решение за забрана за вршење на дејност. Издаденото решение го поткрепуваат со податоците од последните мерења кои покажале зголемени резултати над дозволените.

Бидејќи мерењата се извршени во текот на вчерашниот ден пред крај на работното време забраната му е привремено изречена усно а писмено истата ќе му била доставена најдоцна за 48 часа.

Но и покрај ова очигледно е дека некој се става над законите во оваа држава доколку истите постојат.

Со право се поставува прашањето: „Кој е тој што се става над законите“.

С. Ивановски

88

6162

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари