Во рамките на подготвителните натпревари, денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ се одигра натпревар на комшиските екипи во кој заслужено победата и припадна на екипата на „Слога 1934“ од Виница која го совлада „Осогово“ со 3:2 (0:0).

Во првото полувреме кое се одигра по мошне топло и тешко време за игра и двете екипи претежно играа на средината на теренот а од време на време се обидуваа да создадат некој убава прилика со што ќе го загрозат противничкиот голман. Иако се работеше за подготвителен натпревар очигледно беше дека и двете екипи ја посакуваа победата, играчите се бореа за секоја топка а на моменти таа „борба“ прераснуваше во остри стартови кои денес несигурниот Михаилов не ги санкционираше на време па можеше да дојде и до некоја посериозна повреда кај некој од играчите. Во таква игра беа создадени само неколку прилики за гол од кои ниту една не беше искористена.

Она што гледачите не го видоа во првото полувреме играчите од двете екипи им го понудија во второто кога на нивна радост беа постигнати пет погодока. Од 48’ до 55’ минута гостите изведоа два школски контра напади и преку Митров и Стојчов поведоа со два гола разлика.

Но домаќините по само пет минути по примениот втор погодок преку Костовски од пенал намалија на 1:2 а во 70’ и го израмнија резултатот со голот на Коцев.

Сепак во последните минути од натпреварот виничани изведоа нов контра-напад кој резултираше со нов погодок а стрелец по втор пат на овој натпревар беше мошне добриот Стојчов.

С. Ивановски

P4000153

P4000143

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари