Од мое лично име и од името на Општина Кочани на сите верници од исламската вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам и им посакувам многу здравје, успех и среќа.

Во оваа пригода сакам да истакнам дека духот на толеранцијата, солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување се темели врз кои градиме поубава иднина за нашата општина и за сите нејзини граѓани, а празниците нека ни помогнат да ги негуваме и зацврстуваме.

Испраќајќи ви најискрени честитки, ви посакувам во овие празнични денови, вашите домови да бидат исполнети со многу љубов, радост и мир.

Николчо Илијев,

градоначалник на Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари