Во текот на вчерашниот ден (Недела) на улицата „Искра“ во населбата „Усова чешма“ во рок од 10 часа избувнале два пожари кои се среќа не предизвикале посериозни последици.

Првиот пожар се случил околу 14:30 часот а огинот го забележале деца кои си играле на улицата, Тие веднаш ги алармирале родителите и комшиите кои излегле да го гасат пожарот. За мошне кратко време пристигнало и едно возило со двајца пожарникари од ТППЕ – Кочани кои успеале пожарот да го изгаснат. Пожарот избувнал поради палење на сува трева и бил на празните плацови зад куќа во која се наоѓа дуќан. Пожарот од плацовите бргу тргнал кон куќите и кон дворот на една од нив каде имало паркирани комбиња и камион. За среќа навреме бил изгаснат бидејќи доколку ги опожарил возилата како што истакнуваат мештаните можел мошне бргу да се префрли и на околните куќи.

Вториот пожар бил рано утринава некаде околу 01:00 часот на истото место. Населението од блиските куќи излегло и почнало да го гаси додека да пристигнат двете возила со тројца пожарникари од ТППЕ – Кочани. И овој пожар е изгаснат благодарение на добрата соработка на населението со пожарникарите но се отвора дилема дали овие пожари се подметнати или случајно избувнале поради високите температури.

Како што не информира еден од месното население, негов комшија изјавил дека видел човек како ноќта го пали огинот и со трчање се оддалечува од местото.

Надлежните институции ќе го испитаат целиот случај по што ќе излезат со соопштение.

С. Ивановски

717273

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари