Компанијата која го доби тендерот за изработка на проектната документација за изградба на мини акумулацијата на „Арамиска Чешма“ на Осоговските планини започна со геомеханичките испитувања на земјиштето.

Вкупниот капацитет на акумулацијата е планирано да биде 52.000 метри кубни вода, а висината на насипот на преградниот ѕид да изнесува 19,5 метри. За да се обезбеди доволно количина вода, покрај постојаниот поток, предвидено и да се изградат и три доводни канали со должина од 660 до 1.300 метри, кои ќе опфаќаат дополнителна сливна површина.

Освен што водата од акумулацијата „Арамиска чешма“ ќе се користи за водоснабдување на туристичката населба на „Пониква“ од неа со вода ќе се снабдуваат и селата Рајчани, Пантелеј и Нивичани.

С. Ивановски

40

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари