Во месноста Кај Дабот во близина на кочанското село Бели, во организација на Црвениот крст и Клубот на млади од Кочани се одржува тридневниот младинско-едукативен камп на тема „Подготвеност и дејствување при катастрофи“.

На кампот младите волонтери од единаесет општински организации на Црвениот крст се обучуваат за планирање на одржливи практики за подготвеност, дејствување при катастрофи, безбедност и прва помош како и за придонесот во градењето на култура за безбедност.

Учесниците на кампот ги посети градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој ја истакна важноста на младите и нивната подготвеност за дејствување во услови на непогоди.

„Соработката на волонтерите од Црвениот крст со институциите надлежни за справување со елементарни непогоди треба да биде на високо ниво, за да може заеднички и брзо да се дејствува, како што беше и при неодамнешниот случај со пожарот на Осоговските Планини. Без таква соработка, ефектите нема да бидат како посакуваните. Особено важно е да работиме на градењето на култура кон јавното добро, природните богатства, но и на елементарната култура за безбедност“ рече Илијев.

Кампот ќе трае до 15 август.

Општина  Кочани

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари