Во последниот натпревар од подготовките пред стартот на првенството во Втората Лига – Исток во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ силите ги одмерија двата второлигаши  „Осогово“ и „Каменица Саса“.

Поуспешни беа домаќините кои ги совладаа „рударите“ со 2:0 (1:0).

Во натпревар кој не изобилуваше со некоја посебна убавина и шанси за голови победата заслужено ја извојуваа „жетварите“. Можеби и краткиот рок до почетокот на првенството си го стори своето, па двајцата тренери се определија за една тактичка и претпазлива игра.

Домаќините поведоа во 36’ преку капитенот Коцевски а вториот погодок е дело на Додевски во 69’.

Гостите од Македонска Каменица единствената шанса за погодок ја имаа во 42’ минута кога ударот на Златковски заврши во левиот директ.

Натпреварот по пријатно време за игра го следеа околу 200 гледачи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари