Во тек се завршните градежни работи за комплетна реализација на улицата „Лазар Стоименов“ во Оризари.
Уредувањето на улицата започна со изградба на потпорните ѕидови, поставување рабници, а Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ изгради водоводна и канализациска мрежа на оваа улица.
На поставувањето на два слоја асфалт работи фирмата „Стојменов“ од Кочани.
Изградбата е со средства од Програмата за капитални инвестиции за 2019 година, од каде е планирана изградба на повеќе улици во населените места.
Општина Кочани
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.