Попладнево изби пожар кај месноста Свиланово. Според информациите до кои што дојдовме запалена е ниско стеблеста шума на еден од ридовите во непосредна близина на Свиланово.

Територијалната Противпожарна Единица од Кочани интервенира со 6 пожарникари и три возила а во гаснењето на пожарот побарана е помош и од „Македонски шуми“ за да не се прошири пожарот кон селата Нивичани и Пантелеј.

Зачудува податокот што пожарот иако бил доста видлив никој не се заинтересирал да го пријави во Територијалната Противпожарна Единица – Кочани туку информацијата ја добиле од нивни вработен кој случајно се враќал од Штип кон Кочани кој се јавил во единицата.

Во моментот додека го пишуваме текстот бројот на пожарникари кои интервенираат е зголемен уште со тројца и уште со едно возило.

Со нови информации подоцна.

С. Ивановски

9293

94

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари