Пожарот кој денес попладнето избувна во месноста Свиланово како што не информираат ставен е под контрола, но не е целосно изгаснат.

Причината е недостапниот и лош терен а во ноќни услови неговото гаснење на таков терен е невозможна мисија. Моментно е ставен под контрола а неговото гаснење ќе продолжи во раните утрински часови.

Самиот пожар зафати рид со нискостеблеста шума и неколку бавчи во атарот на селото Нивичани.

Во неговото гаснење беа ангажирани девет пожарникари од ТППЕ – Кочани и четири возила а во гаснењето беа вклучени и екипи од „Македонски шуми“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари