Почитувани сограѓани,

По одговор на пресс кој го одржа претседателот на ОО  на СДСМ од Кочани Гоце Серафимов, најпрвин сакаме да го прашаме дали вработувањата уште одат преку истата кадрова комисија во ОО или е променета?

Кој е вработен последно на  атрактивно место, и да не е самиот тој?

Дали именувањето на Гоце Серафимов за директор во ХЕС доаѓа како партиска награда?

Зошто баш тој?

Колку е платата, и дали е вистина дека е близу 60.000 ден?

Кој според него е најофајден во моментот ?

Во кој дел од неговото вработување го препозна она од својот текст “без фаворизирање на едни или други“?

Зошто ОО на СДСМ излегува со пресс за нападнат директор, зошто партија бара од институциите да го заштитат директорот, дали на споменатиот  директор му е одземена деловна способност и зошто директорот  неможе да побара заштита сам?

Дали сте свесни дека и Вие и директорот од говорница, и двајцата признавте дека именувањето на директори ви е само по партиска линија!

Скоро целиот ваш прес е лага и провокација освен една вистина а тоa е дека навистина сте уплашени од ОК на  ВМРО ДПМНЕ од Кочани ама уплашени сте и од народот, уплашени сте и  од своите членови кои ве гледаат како профитирате, уплашени сте и од младите кои се иселуваат секој ден, уплашени сте од оние кои викаа “нема правда нема мир“ а сега гледаат дека од сето тоа Вие само се сместивте во фотења!

Додека Власта паѓа, профитерите од ОО трчаат почесен круг, се вработуваат само свои, се краде како да нема утре, најубавото за себе и само сеење страв и закани и немање срам!

Со почит,

ОК на ВМРО ДПМНЕ

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари