Клубот за планинарски спортови „МОСКИТО“ – Кочани организира искачување до највисокиот  врв на Австрија Гросклокнер (3798 м)  и Шкрлатица  втор по висина врв во Словенија ( 2740мнв ).

Спортско-техничката организација и подготовката на Македонската експедиција трае околу една година напорна работа и обука.

На експедицијата ке учествуваат тројца членови.

Со успешно завршување на спортскиот настан, се очекува широк медиумски  одговор и како во печатените така и на телевизиските медиуми, како и на интернет и социјалните мрежи.

Експедицијата е финансирана од сопствени средства на учесниците, бидејќи дел од програмата е дискутабилна поради  големите трошоци за опрема, превоз и сместување.

Ја користиме можноста да се обратиме кон  сите заинтересирани организации, со барање за финансиска поддршка во рамките на нивните можности. За возврат можеме да понудиме поставување на логото на нашата веб страна , во рекламните материјали, покривање на фејсбук и вести, и да ја споменеме вашата организација во медиумското покривање, кадешто тоа не е во спротивност со политиките на соодветните медиуми.

Исто така може да ни го дадете вашето лого или име и ако дозволат временските услови ке биде развеано на сите врвови, може и видеата и матрејалите што ке ги направиме да ви ги дадеме да ги искористите за реклама или слично.

КПС „Мослито“ – Кочани

23

CAMERA

CAMERA

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари