Фудбалската Репрезентација на Македонија У-18 претрпе пораз од соодветната репрезентација на Украина иако нашите момчиња први ја затресоа противничката мрежа.

Натпреварот се одигра на стадионот Јозеф Масопуст во рамките на меѓународниот турнир „Вацлав Јежњк“ (Чешка).

Нашите момчиња добро го отворија натпреварот и веќе во 4’ дојдоа во водство од 1:0 преку Методи Максимов. Имено Максимов доби употреблива топка, добро се загради, ги избегна двата старта на противничките играчи и ја закова топката во мрежата на Украина.

Иако имавме и водство и игра сепак по една кардинална грешка на нашата одбрана Украина во судиското продолжение од првото полувреме успеа да го израмни резултатот, за да во финишот од натпреварот нашиот голман Николовски си постигна автогол и й подари победа на Украина.

Следниот натпревар нашите момчиња во групата го играат утре (Четврток) против соодветната селекција на Словачка.

На натпреварот со Украина, Македонија настапи во следниот состав: Николовски, Костовски, Ѓурковски, Терзиев, Асани, Тодоровски, Николов, Станковски, Фета, Максимов, Илиевски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари