Со победата од 1:0 (1:0) над екипата на „Победа“ (прилеп), фудбалерите на „Осогово“ обезбедија пласман во 1/8 финалето од Фудбалскиот Куп на Македонија.

Единствениот погодок беше постигнат во 11’ кога костовски доби топка во празен простор, вешто ја избегна офсајд стапицата на гостите, го мина немоќниот гостински голман Иванов и ја пласираше топката во празната мрежа.

Набргу потоа стрелецот на единствениот погодок почувствува болка во ногата и предвреме го напушти теренот што делуваше негативно кај неговите соиграчи., но гостите од Прилеп не знаеја тоа да го искористат. Единствената шанса прилепчани ја имаа во 44’ кога од слободен удар ја погодија пречката.

Топлото и спарно време си го стори своето па во второто полувреме во главно и двете екипи играа доста послабо од првите 45 минути. Сепак и во игра без игра беа создадени по една стопостотна прилика за гол од обете страни, но немаше стрелец што уште еднаш ќе ја затресеше противничката мрежа.

Победата на „жетварите“ е чиста како солза и заслужено обезбедија пласман во понатамошните натпревари од фудбалскиот Куп.

С. Ивановски

DSCN9743

DSCN9804

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари