За време на викендот на програмата се натпреварите од првото коло во Прва Фудбалска Лига за жени за сезоната 2019/2020.

Според сите прогнози главен фаворит за освојувањето на шампионската титула е минатогодишниот шампион „Драгон“ а додека сите останати екипи во меѓусебните пресметки ќе гледаат кој да се пласира веднаш зад „драгонки“.

Екипата на „Кочани“ и годинава ќе настапи со млада и неискусна екипа и како минатата година ќе се бори за пласман во долниот дел од табелата.

„Жетварките“ веќе на стартот ќе имаат незгодно гостување во Струмица, а додека „рударките“ од Македонска Каменица кои во преодниот рок доведоа неколку квалитетни играчи со доза на голем оптимизам ќе патуваат во Дојран.

Парови за првото коло:

„Тиверија“ – „Кочани“

„СЦ Истатов“ – „Каменица Саса“

„Топ Гол“ – Шкендија“

„Деспина Прилеп“ – „Љуботен“

„Драгон“ – „Речица“

„Атлетико“ – „Плачковица“

„Борец“ – „Ас Јунајтед“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари