Нашиот сограѓанин Дени Илијев кој со своето семејство живее и работи во гратчето Бетфорд (Англија) во тековното фудбалско првенство во Англија ќе го чува голот на нисколигашот „Бедфорд Албион“, односно ќе настапува за втората екипа на „Бедфорд Албин“.

Тренерот Самуил Владимиров е задоволен од настапите на Илијев на подготвителните натпревари и како што најавува тој ќе биде првиот чувар на мрежата на „Бедфорд Албион“.

Инаку Илијев во Кочани во главно бранеше рекреативно, на фудбалски турнири на кои многу пати како победник беше токму екипата чија мрежа тој ја чуваше.

Овој викенд Илијев и официјално ќе ја започне својата голманска кариера во Англија.

С. Ивановски

68893899_1216320778534563_322596715884445696_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари