Ико важеа за големи фаворити пред натпреварот, играчите на „Осогово“ со наведнати глави и со свирежи од трибините беа испратени во соблекувалната.

„Осогово“ загуби од исто така новиот второлигаш „Питу Гули“ со 1:3 (0:1), но повеќе од поразот загрижува нивната лоша игра. Гостите од Крушево заслужено заминуваат со три големи бода од „градот на оризот“ но со нивната игра не ја импресионираа кочанската публика. Многу среќа имаа што и домаќините немаа свој ден па се кога ќе се собере нивната победа е сепак заслужена.

Домаќините натпреварот го почнаа претпазливо, играа на долги топки по кои очекуваа кикс на гостинската одбрана која на нивна жалост беше сигурна. Нафрлените топки од крилните позиции беа непрецизни па речиси кочанчани и да не создадоа некоја посериозна шанса за гол.

Резултатот први го открија гостите. По една нафрлена топка од слободен удар од повеќе од 30 метри домашната одбрана подзаспа, Божиноски се уфрли од втор план и со одмерен удар ја затресе мрежата на домаќините. Во 33’ „жетварите“ можеа да го изедначат резултатот. По нафрлената топка од корнер најпрвин ударот на Стоиловски гостинскиот голман Велевски  го одби а ударот на Ужески беше блокиран и топката заврши повторно во корнер. По изведениот корнер гостите ја исфрлија топката далеку од голот, Божиноски беше проигран во празно, излезе сам пред голот на Јованоски но биеше непрецизно.

DSCN9947

Само што започнаа вторите 45 минути гостите веќе водеа со 2:0. По една грешка на средината од теренот топката дојде до Златевски кој изби сам и рутинирано го совлада домашниот голман.

„Жетварите“ по негативата од два гола фрлија се на една карта, напаѓаа од сите страни, и упатуваа удари кога ќе добиеја слободен простор, но нивните удари во 49’ и 51’ минута завршија покрај десниот дирек на гостинскиот голман.

Во 58’ ерупција од воодушевување на трибините. По една нафрлена топка од десната страна во букетот највисоко скокна В.Коцев и топката заврши во мрежата на немоќниот Велевски. По постигнатиот гол домаќините уште повеќе притиснаа што беше прилика за Крушевчани трет погодок да бараат од контра напади. Во 75’ и 82’ играчите на „Осогово“ создадоа две идеални прилики за гол, но ударите завршија во рацете на Велевски.

И кога сите на стадионот очекуваа дека можеби поразот сепак ќе се избегне во 87’ по една контра на гостите нововлезениот Дамчевски нафрлена од левата страна а Здравевски од само два метри по трет пат го матираше Јованоски.

С. Ивановски

DSCN0057

DSCN0091

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари