Се одиграа натпреварите од првото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Девојчињата одиграа ефикасно коло во кое се постигнати дури 54 погодока или просек по 9 на секој натпревар. Најефикасно беше во Прилеп каде гледачите видоа 15 погодока и во струмица каде имаше гол помалку.

Младата екипа на тренерот Оливер Јовановски лошо стартуваше во новото првенство. Додека имаа сили се спротивставија на домаќинките, но откако го примија првиот гол уште тринаесет пати ја вадеа топката од сопствената мрежа.

Екипата на „Каменица Саса“ во една фуриозна игра го „расплака“ минатогодишниот вице-шампион во Дојран а на другите натпревари во главно беа постигнати очекуваните резултати.

Комплетни резултати од првото коло:

„Тиверија“ – „Кочани“  14:0

„СЦ Истатов“ – „Каменица Саса“  1:4

„Топ Гол“ – Шкендија“  2:4

„Деспина Прилеп“ – „Љуботен“  15:0

„Драгон“ – „Речица“  7:0

„Атлетико“ – „Плачковица“  6:1

„Борец“ – „Ас Јунајтед“  0:6

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари