Вечерва избувнувањето на новиот пожар ги збуни жителите на Кочани.

Ако се знае дека до попладневните часови депонијата воопшто не чадеше тогаш зачудува од каде се појавил пожарот во нејзината непосредна близина.

Противпожарната служба по добивањето на дојавата за пожарот веднаш интервенирала за да го изгасне, но ветерот што дувал само го разгорувал и го менувал неговиот правец.

Во доцните вечерни часови пожарот е локализиран но не и целосно изгаснат, па се очекува утре уште во раните часови да се пристапи кон целосно негово ликвидирање.

Дали има поврзаност со двата пожара кои речиси се на истото место ќе покажат анализите што се во тек. Се претпоставува дека и овој пожар како и претходниот е подметнат.

С. Ивановски

81

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари