Утринава се запали тераса и кровната конструкција на зграда на улицата „29-ти Ноември“ број 51/4.

Веднаш е известена територијалната противпожарна единица од Кочани, која за кратко време со две возила и четворица пожарникари дошле кај опожарениот објект.

Горела тераса на последниот кат од зградата и кровот. Поради големиот пожар на кровот повикани се уште неколку пожарникари и уште две возила.

За мошне кратко време пожарот бил ставен под контрола а за два часа истиот е целосно изгаснат.

Од пожарот не биле зафатени становите.

Повикани била и увидна екипа на МВР која треба да ги утврди причините за пожарот.

С. Ивановски

9293

9495

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари