Живописниот предел околу манастирот “Св.Ѓорѓи“ во Блатец за првпат лоцираше 12 уметници, овде во хармонија со природата да се инспирираат и да создаваат дела кои ќе ја зачнат првата колекција од првата ликовна колонија “Св. Ѓорѓи“ во организација на Домот на културата “Тошо Арсов“ и Здружението на уметници “УМ“ .

Денес, и тие заедно со жителите на Блатец и гостите од соседството, со црковен ручек го славеа најголемиот христијански празник “Успение на пресвета Богородица“, во чија чест постарите жители на селото имаат долга традиција, но и своја приказна за лековитата моќ на водата околу манастирот.

Блатец како населено место со сиот свој природен раскош има што да понуди за овие млади уметници кои остануваат тука до сабота кога завршува оваа ликовна колонија, а нивните мајсторски дела ќе бидат изложени и пред виничани во галеријата “Венеција“.

Општина Кочани

46

42

434445

47

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари