Во доста познатото списание за уметност и култура „Лумина“ кое излегува повеќе од педесетина години во Нови Сад (Република Србија) на романски јазик, во трибројот 4-6, за оваа 2019 година со поезија преведена на романски јазик е застапен кочанскиот роднокраен автор Киро Герасимов.

Имено во делот Меридијани, поезија од автори од Балканските држави, на страна 36,37 и 38 се застапени пет песни од Герасимов, препеани на романски јазик, во превод и редакција на поетот Јоан Баба.

Покрај поезијата е застапена и кратка биографија со преглед на објавени дела од Герасимов.

Уредник на ова реномирано списание  е познатиот  српски писател Васко Попа.

Поезијата на Герасимов покрај на романски јазик, досега е препеана и на полски, турски, словенечки, српски, и црногорски јазик.

Во ова списание е застапена и поезија на македонскиот поет Петко Шипинкаровски од Струга. Тој исто така е претставен со  кратка биографија и пет песни преведени на романски јазик.

Инаку поезијата  на Герасимов наредниот месец ќе биде претставена во Република Србија, поточно во Сремска Митровица со излегувањето од печат на книгата поезија „Немири“ во превод на Мирјана Ценич од Лесковац.

IMG_20190813_140830IMG_20190813_140723

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари