Ивајло Атанасов од Ќустендил за 4 часа и 7 минути ја истрча планинската патека до врвот Лисец на надморска височина од 1754 метри и е новиот победник на втората Меѓународна трка „Чупино Трејл 2019“ која се оддржа вчера во Виница. Втор до целта стаса државниот шампион во планинско трчање Марјан Бонев од Велес

Во втората трка на 16 км, до „Бубмарска чешма“ најдобар беше Мирослав Спасов од Бугарија, а веднаш по него Дејан Ангеловски од Охрид и Игор Јакимовски.

Во женска конкуренција, на пократката релација победи Марија Филипон, а на 40 км победник со 5 часа и 30 минути беше Сања Најдовски од Прилеп.

Чупино имаше 40 а Бумбарска имаше 103 натпреварувачи.

Годинава за првпат се организираше и ревијална „Алми“ трка за деца во Градскиот парк, во насока на поголема промоција и афирмација на овој спорт уште од најмали нозе, а како покровители на овој настан се општина Виница која го покрива наградниот фонд за учесниците, компанијата „Макпрогрес“ како и други компании од општината.

Општина Виница

DSC_4075

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари