Живописно-духовниот предел на манастирот „Св.Ѓорѓи“ во Блатец инспирираше 12 уметници да создадат 26 дела кои остануваат како уметнички зачеток на првата ликовна колонија „Св.Ѓорѓи“.

Миливој Симеонов, Дејан Спасов, Катица Алексова, Гордана Вренцоска, Александра Димитрова, Срџан Микиќ, Слаџана Гаврилова, Виктор Јаневски, Дарко Богданов, Ангела Трајанова, Весна Ничевска, и како млад гостин – Нина Савева, се уметниците кои го ставија својот уметнички печат на Првата Ликовна Колонија во организација на Здружението на уметници „УМ“,  Домот на културата „Тошо Арсов“ и општина Виница.

Делата од оваа ликовна колонија викендов беа изложени во Галеријата „Венеција“.

„Се работеше масло на платно и акрили, 26 дела се изложени пред виничката јавност, за нас уметниците оваа ликовна колонија беше одлична можност да се дружиме и креативно да се изразиме од сето она што не нспирираше во и околу манастирот“, рече Гордана Вренцоска, член на Здружението “УМ“.

Директорот на Домот на културата „Тошо Арсов“ Јовица Илиев истакна дека оваа колонија која се реализираше на инијатива на Комисијата за настани и амнифестации во општина Виница, ќе стане традиција.

Општина Виница

DSC_3469

DSC_3444

DSC_3508

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари