Се одиграа натпреварите од второто коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Фаворитите ги остварија посакуваните резултати, па самото коло може да се прогласи за коло без некои изненадувања.

„Осогово“ и гостуваше на „Брегалница“ во Штип на екипа која се с,ета за еден од најголемите фаворити за остварување на првото место. Натпреварот се играше под светлост на рефлекторите кои со прекрасно подготвениот терен даваа можност за добар натпревар. И навистина, натпреварот беше добар но само за момчињата на тренерот Добринко Илиевски, кои покажаа дека се далеку поспремна екипа од „жетварите“ и на физички а особено на технички план. „Сините“ постигнаа пет погодока а ако реализираа и уште некоја од шансите „жолто-сините“ можеа и со уште некој гол во мрежата да се вратат во „градот на оризот“.

DSCN0178

Прваа победа во годинешното првенство ја забележа и екипата на „Каменица Саса“ против хитот од првото коло „Питу Гули“. Домаќините одиграа мошне добар натпревари во двете полувремиња, во кои постигнаа по два погодока, а доколку напаѓачите беа поконцентрирани во завршницата на акциите крушевчани ќе си заминеа дома со уше најмалку толку голови во мрежата.

Во Пехчево „Кит Го“ и „Кожуф“ ги поделија бодовите а домаќините се тие кои треба да бидат задоволни од освоениот бод.

Во натпревар на минатогодишните прволигаши „Победа“ загуби како домаќин мошне убедливо од „Беласица“ со три голови во својата мрежа, а „Тиквеш“ во мошне добра фудбалска претстава ја совлада сосема заслужено „Плачковица“.

DSCN0242

Резултати од второто коло:

„Брегалница“ – „Осогово“  5:0

„Каменица Саса“ – „Питу Гули“  4:1

„Кит Го“ – „Кожуф“  1:1

„Победа“ – „Беласица“  0:3

„Тиквеш“ – „Плачковица“  3:1

Во 3-тото коло кое на програмата е во Сабота, „Осогово“ ја пречекува екипата на „Тиквеш“. Натпреварот започнува во 16:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари