Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров денес го потпиша вториот договор со Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој за добивање средства во висина од 1.721.087,00 денари од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој од мерката 322.1 за обнова и развој на селата .

Со овие средства ќе се изработуваат урбанистички планови за две населени места во општината, за Трсино и Лаки.
Претходно од Агенцијата беа обезбедени околу 14.000.000,00 денари од истата Програма од мерката 322 за пробивање и асфалтирање на патот Капетанци-Балинци во должина од 2 км.со тоа што општина Виница овде ќе кофинансира уште дополнителни 2.000.000,00 денари.

Со овие мерки на Агенцијата се прават напори за урбанизација и решавање на значајни инфраструктурни зафати во населените места.

Градоначалникот Димитров упати јавна благодарност за соработката и подршката од АФПЗРР, потенцирајќи дека со овие средства се решаваат децениски приоритети за жителите на три рурални населени места.

69459274_532076964195594_2534427465128869888_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари