Во рамките на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Кочани, в петок на 6 септември, по свечената седница на Советот на Општина Кочани, на платото пред Центарот за култура „Бели мугри“  концерт ќе приреди „Трио Џентлмен“.

„Трио Џентлмен“ е составено од професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор.

По урнекот на светските поп-класични состави, тие се трудат овој жанр на пеење да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во класичен поп-манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и, секако, македонското творештво.

Концертот во Кочани ќе започне во 21 ч.

Општина Кочани

Trio 1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари