Градежните работи на втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани се интензивираат на делницата долга 13,8 километри од селото Крупиште кон Кочани. На увидот во изградбата на патот, премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалниците од регионот оценија дека новото сообраќајно поврзување ќе овозможи поголема безбедност и скратување на времето на патување за жителите од Истокот.

„Првата фаза од експресниот пат од селото Три Чешми до Крупиште е завршена со 80 отсто и очекувам во почетокот на идната година да се комплетира асфалтирањето, коешто веќе е започнато. Рокот за завршување на оваа втора фаза, од Крупиште кон Кочани е до пролетта 2021 година. Патот ќе биде со висок квалитет на градба, ќе биде широк 11,5 метри, односно две ленти од по 3,5 метри и уште две од 2,2 метри“ соопшти Китанов.

Премиерот Заев нагласи дека Владата ќе продолжи со инвестирањето во патната инфраструктура, особено кај локалните сообраќајници.

69635650_10157783853692932_6813758129528897536_n

„Значајно е тоа што во октомври очекуваме тендерска постапка за локалните патишта, за што како проекти се предвидени 70 милиони евра од Светска банка, а финансирањето ќе биде заокружено во почетокот на декември. Наша цел е со оваа извршна клаузула навремено да ги завршиме јавните набавки за да можеме напролет да имаме офанзива во изградбата на локални патишта. Процедурата за потпишување на договорот со ТАВ е почната, направени се законските измени, со што добиваме 35 милиони евра за изградба на канализациски и водоводни мрежи, за градинки и училишта, а дополнително се преговара за уште 55 милиони евра наменети за водовод и канализација што ќе се реализираат до крајот на оваа и на почетокот од идната година“ истакна премиерот Заев.

Министерот Горан Сугарески потенцираше дека поддршката од Владата за реализација на капиталните проекти коишто се исклучително важни за овој регион ќе продолжи и наредната година.

PIC_3296

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари