Почитувани Граѓани,

Почитувани Медиуми,

Би сакале накратко да ве информираме за тековните активности кои се однесуваат на градежната офанзива во нашиот регион.

Посебен акцент е ставено на рехабилитацијата на асфалтниот слој на обиколницата, со должина околу 6 километри и ширина од 7 метри, како и санација на трите моста кои се составен дел и како таква целина се важна делница која е многу фреквентна и е дел од сообраќајната конекција на нашата држава со соседна Република Бугарија дел од Магистралниот пат А3.

Преку вложувањето во патната инфраструктура се прионесува за секој жител на Општина Кочани да може полесно да ги реализира своите патувања во овој дел од државата независно дали се однесуваат на бизнис или лични патувања.

Покрај рехабилитацијата на асфалтниот слој на обиколницата, исто така сакаме да ја потенцираме важноста на експресниот пат кој што треба да се гради кој исто така ке биде линк за поврзување и подобра конекција за сите граѓани од Источниот регион.

Во изминатиов период беше завршен патот Тркање – Пишица се залагаме за сите граѓани подеднакво.

Важно е да се напомене дека поддршката во реконсктрукцијата на патот Пониква – Кочани е исто така од големо значење за развој на туризмот каде што преку оваа реконсктрукција се овозможува потенцијални инвеститори да донесат одлука за инвестирање во развој на туризмот.

Преку заеднички труд и вложувања на секој во својот сегмент се грижиме за сите граѓани подеднакво.

Градиме општество еднакво за сите.

За нас зборот ВАЖИ

Со почит

ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари