Продолжуваат возбудувањата во Втората Фудбалска Лига – Исток.  Во Сабота на програмата се натпреварите од третото коло во кое „Осогово“ ќе биде домаќин на екипата на „Тиквеш“ од Кавадарци, екипа која претендира за највисок пласман во годинешното првенство.

„Жетварите“ по катастрофалниот старт во првите две кола, имаат шанса да ги поправат грешките и со добра и  борбена игра конечно да ги зарадуваат своите симпатизери.

Двојки од 3-тото коло:

„Осогово“ – „Тиквеш“

„Беласица“ – „Каменица Саса“

„Плачковица“ – „Кит Го“

„Питу Гули“ – „Брегалница“

„Кожуф“ – „Победа“

Натпреварите започнуваат во 16:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари