Почитувани медиуми, почитувни сограѓани,

Бараме од ОО на СДСМ или од Директорот на КЈП да не бега од темата. Ние, како политичка партија баравме од КЈП Водовод да има обзир кон нашите сограѓани и да направи СЕ што е во нивна моќ трошоците во решенијата за присилна наплата да бидат што помали!

Во известувањето после нашата прес конференција КЈП Водовод напишале “одредена политичка партија која сака да собира политички поени!“

Почитувани апелот треба да се прифати и истиот е во интерес на СИТЕ, освен на мала група на луѓе кои очигледно дека се поврзани со раководството на ОО на СДС во Кочани. За тие релации да бидат што појасни за граѓаните, бараме да одговорите:

Прво: Дали платните налози кои се испраќаат “од адвокат“ се изработуваат во КЈП “ВОДОВОД“ од луѓе кои се вработени во КЈП? -Како ќе го објасните тоа што Решенијата за присилна наплата со и без адвокатски трошоци изгледаат идентично, само што едните имаат адвокатски печат и дополнителен трошок! Дали знаете дека ако е тоа точно, одреден адвокат(или адвокати) ја користат службата на КЈП “Водовод“ а Директорот тоа го дозволува со што прави “Злоупотреба на службена должност“.

Второ: КЈП “Водовод“ да приложи доказ дека ги плаќа адвокатските трошоци за состав! Дали адвокатот има издадено фактура на КЈП или наплатата се врши спротивно на Закон за финансиска дисциплина?

Трето: Колку адвокати се вклучени во изработката на овие Решенија и според кој критериум се избираат, дали КЈП води сметка истите да се распоредени кај сите адвокати од Кочани, бидејки КЈП е јавно препријатие а не приватна сопственост на СДС! Колку вкупно “тежат“ сите адвокатски трошоци од решенијата испратени само во последните 10-тина дена?

Со почит,

Центар за комуникации

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари