По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани, на свечената седница на Советот на Општината беа доделени највисоките општински награди.

Наградата за животно дело, која се доделува постхумно, ја доби м-р Драган Петров, директор на некогашна „Нова трговија“ и иницијатор за изградбата на Трговскиот центар во Кочани.

Наградата за значајни остварувања за развојот на Кочани ѝ припадна на Амбасадата на Швајцарија за донацијата од 21 милион швајцарски франци за Пречистителната станица за отпадни води во Кочани.

38

32

34

35

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари